Поврзете се со нас

АТП

Надал: Многу ми значи што повторно можам да бидам број еден

Објавено

на

Рафаел Надал се враќа на терените и тоа на Мастерсот во Синсинати каде ќе ја има улогата на втор носител.

Шпанецот нема одиграно ниту еден меч од Вимблдон и ова ќе му биде вистински тест да види во каква состојба е по повредата, односно да ја провери формата пред престојниот последен грен слем во оваа календарска година Ју-Ес Опен.

Ако Рафа триумфира во Синсинати тоа ќе значи враќање на позицијата број еден на АТП листата под услов Данил Медведев да стигне до четвртфиналето на овој Мастерс.

-Многу ми значи тоа што имам шанса да бидам број еден во овој дел од мојата кариера. Не очекував дека ова може да се случи. Ама не размислувам за тоа целта ми е да бидам здрав и да играм на турнирите на кои сакам да играм, -истакна Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни