Поврзете се со нас

АТП

Надал: Ќе излажам ако кажам дека не бев загрижен

Објавено

на

Рафаел Надал не ја постигна посакуваната цел на Мастерсот во Монте Карло, а не го започна најдобро ниту АТП турнирот во Барселона каде со доста мака излезе на крај со 111 тенисер на светот Иља Ивашка.

Шпанецот го загуби првиот сет со 6-3 со што се доведе во ситуација да мора да прави пресврт и со 6:2, 6:4 да дојде до наредната фаза каде ќе се соочи со Кеи Нишикори.

-Знаев дека по поразот во Монте Карло, следниот натпревар ќе биде тежок. Играв против момче кое може да игра на многу високо ниво. Почнав лошо, но во вториот сет се смени динамиката. Најважно е што победив, се надевам дека наскоро ќе ги обезбедам моите најдобри игри, -рече Надал кој призна дека бил загрижен по првиот сет.

-Тој играше добро, јас не. Покажа подобра игра отколку што очекувате од 111. тенисер во светот. Ќе излажам ако кажам дека не бев загрижен по првиот сет. Размислував за промена на ритамот, се обидував да играм поагресивно. Не беше совршено, но јас победив, -заклучи третиот светски рекет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни