АТП
Надал: Ќе играм на Ролан Гарос само во еден случај

Рафаел Надал како бранител на титулата на Ролан Гарос и како 12-кратен освојувач на овој турнир важеше за асполтен фаворит и на овогодинешното издание, кое за жал поради короанвирусот привремено е одложено, но сепак со се уште нејасен статус во овој момент.
Турнирот беше преместен за септември и во овој момент не може да се даде било каква прогноза како ќе се одвива ситуациајата дотогаш, но Надал кој будно ги следи здравствените случувања и последиците кои ги остава коронавирусот, вели дека ќе настапи на Френч Опен само во еден случај.
– Не гледам на иднината како професионален играч, гледам на иднината од медицинска страна. Што се однесува до Ролан Гарос, ако се игра во оптимални услови и со загарантирана комплетна сигурност, тогаш во ред. Ако можат да играат сите, ако бидеме сите заедно, да, ќе бидам присутен. Ќе играм само во тој случај.
– Но, сега треба да бидеме одговорни и да ги следиме сите инструкции, – вели Надал во интервјуто за француската телевизија, при што даде коментар и за можното играње без фанови на трибините.
– Многу е веројатно дека ќе почнеме без фанови. Фудбал почна да се игра без публика. Тоа нема да биде воопшто добро за нас, никако не ми се допаѓа. Никако не може да се замени енегријата која ја дава публиката, – завршува Рафа.

- Шпанијапред 23 часа
Зидан со „крпен“ состав во градското дерби: Има на располагање само 13 играчи за 10 позиции на теренот (Фото)
- Шпанијапред 20 часа
Меси постигна антологиски гол во шоуто на Барселона во големото финале (Видео)
- Шпанијапред 21 час
Зидан за неговиот најголем квалитет: Не сум најдобар тренер, но не сум ниту катастрофално лош
- Англијапред 22 часа
Откако го нанижа и Пеп: Неверојатната статистика на Тухел против пет врвни тренери (Фото)
- Германијапред 22 часа
Нојер и Милер со први реакции по одлуката за заминување на Флик
- АТПпред 18 часа
Прв пехар во оваа календарска година: Ѓорческа триумфираше во двојки во Калви
- Англијапред 20 часа
Гвардиола ги исплаши фановите на Сити со својата прва изјава за повредата на Де Брујне
- Шпанијапред 19 часа
Реал Мадрид покажа класа и прв испрати честитка до Барса, Пујол бара повеќе од тимот на Куман (Фото)