Поврзете се со нас

АТП

Надал ја откри тајната на успехот на големата тројка

Објавено

на

Поради пандемијата со КОВИД-19 се уште е неизвесно е кога ќе продолжи тениската сезона, но без разлика на тоа Рафаел Надал се труди да остане во ритам, форма иако признава дека е досадно да се тренира без конкретна цел.

-Мораме да го намалиме на минимум ризикот од повреди. Јас не минувам повеќе од еден ипол час на теренот, има и денови кога не тренирам. Малку е досадно да тренирате без одредена цел, -истакна Рафа кој проговори за младите сили, но и за тајната на големата тројка (тој, Ѓоковиќ и Федерер)

-Младите се веќе тука. Тие се борат, освојуваат важни титули. Тие сè уште не стигнале до грен слем, затоа што ние сè уште играме. Се надевам дека борбата ќе продолжи.

-Можеме да зборуваме за технички работи, но најважна е љубовта кон тенисот што тројцата ја чувствуваме, без тоа ништо не би било можно. Поради тоа, постојано напредуваме, се прилагодуваме, се подобруваме. Желбата и страста за тоа што го правиме.

-Секој има свој стил, свои мотиви, но сите сме успеале да напредуваме низ текот на сите овие години и затоа сме таму каде што сме, -порача бикот од Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни