Поврзете се со нас

АТП

Надал ја испрати првата порака откако заврши на патерици поради хроничниот проблем (Фото)

Објавено

на

Рафаел Надал го откажа учеството на Ју-Ес Опен поради истиот проблем поради кој го пропушти и Вимблдон, па во моменти кога сите го исчекуваат големото финале во Њујорк меѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев, Шпанецот одлучи да испрати еден „апдејт“ до своите фанови.

Рафа сигурно нема да се врати на терените до крајот на 2021-ва година, но неговиот план е да започне со тренинзи во наредните три месеци и да биде максимално подготвен за предизвиците кои ги носи следната 2022-ра година.

Надал поради хроничен проблем со стапалото е принуден да направи подолг одмор, а сега самиот откри дека подлегнал на специјален третман во Барселона со цел да се врати на терените.

– Здраво на сите, подолго време немам остварено комуникација со вас преку социјалните мрежи. Сакам да ви кажам дека бев во Барселона со мојот тим и мојот медицински тим, кадешто добив медицински третман на стапалото кој ќе направи да одморам неколку денови и да бидам надвор од терените уште неколку недели.

– Се враќам дома и го започнувам процесот на рехабилитација. Ви благодарам на сите за поддршката, – порача Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни