Поврзете се со нас

АТП

Надал излезе со појаснување за изјавата која сите ја протолкуваа како најава за пензија по крајот на Ролан Гарос

Објавено

на

Рафаел Надал отвори големи сомнежи околу својата тениска иднина со најавата дека мечот против Новак Ѓоковиќ може да биде последен за него на Ролан Гарос, но откако победи на истиот, јасно е дека Шпанецот ќе го гледаме и во полуфиналето против Александер Зверев.

Изјавата на Надал проследена со хроничната повреда на стапалото многумина ја протолкуваа како најава за пензионирање веднаш по крајот на Френч Опен, но Рафа сега даде нова изјава за шпанските медиуми и нагласи дека тоа не му е примарна опција и ќе даде се од себе и во иднина да се врати на својот омилен грен слем турнир.

Надал зад своето име има 13 титули во Франција и сега е во потера на 14-от трофеј во Париз, но без оглед на тоа како ќе заврши овој турнир, нагласува дека следна најважна цел ќе му биде да пронајде решение за големиот проблем со стапалото.

– Секогаш сум ги кажувал работите јасно и така е сега. Мора да ги прифатам работите такви какви што се. Во ниту еден момент немав намера ова да изгледа како збогување или најава за такво нешто. Тоа што го кажав е мојата реалност, реалноста со која се соочувам секој ден и она што може да се случи.

– Ние како тим продолжуваме да работиме за да најдеме решение за ова со стапалото. Јас се надевам и верувам дека повторно ќе се вратам и ќе играм на Ролан Гарос. Она што се случува е дека не можеме да најдеме добро решение последните месеци и тоа ги прави работите тешки. Ќе уживаме во моментот, до крајот на турнирот, а потоа ќе работиме да ја поправиме состојбата со стапалото. Имам страст да продолжам да играм, – изјави Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни