АТП
Надал избра страна во допинг скандалот: Синер го прозиваат играчи кои не се баш чисти

Јаник Синер на крајот ја прифати спогодбата со „ВАДА“ и ќе отслужи тримесечна суспензија поради позитивните допинг тестови од минатата година, случај кој конечно доби завршница после неколку турбулентни месеци за тенисот.
Светскиот рекет број еден на крајот ќе отслужи минимална казна и ќе може да се врати пред увертирата за Ролан Гарос, што всушност значи дека нема да пропушти ниту еден грен слем турнир оваа година.
За многумина тенисери од елитата, изречената казна за Синер е смешна и веќе слушнавме неколку јавни излагања од Медведев, Зверев и Ѓоковиќ, но сепак има и такви кои се на страната на Италијанецот.
Тони Надал верува во невиноста на Јаник, но покрај тоа, дополнува дека не може да биде прозиван од тенисери кои исто така не се доволно „чисти“.
– Веќе неколку пати говорев на оваа тема и дадов мое објаснување. Јас сум против санкции во овој спорт. Го познавам Синер лично и тој немал намера да направи ништо што се коси со правилата. Не може така да се однесувате кон личност која направила случајна грешка. Знам дека тој немал никаква корист од тоа што беше пронајдено во неговиот организам.
– Изненаден сум од некои играчи кои се кренаа против него, има дури и такви на највисоко ниво кои не се доволно чисти, а се дрзнаа да го прозиваат Синер, – порачува Тони Надал, а останува мистерија за кого точно мисли во дадената ситуација.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…