Поврзете се со нас

АТП

Надал индиректно го критикуваше Ѓоковиќ за коментарите за статусот на тенисерите во Австралија

Објавено

на

Рафаел Надал индиректно го искритикува својот голем ривал Новак Ѓоковиќ, коментирајќи ги условите кои дел од тенисерите ги имаат во Австралија пред почетокот на грен-слемот во Мелбурн.

72 тенисери и тенисерки се во двонеделен карантин бидејќи имаше позитивни тестови во чартер летовите со кои допатуваа на континентот, а поради тоа не само што не можат да тренираат, туку не смеат ни да ја напуштат својата хотелска соба.

Ѓоковиќ, Надал и уште неколку привилегирани играчи се во Аделаид, а оттаму српскиот тенисер побара од домаќините да им овозможат подобри услови на колегите во Мелбурн, нешто што беше одбиено од организаторот и властите.

Надал во своето последно интервју го објасни својот став, навестувајќи дека не му се допаднал потегот на светскиот рекет број еден.

– Некој сака да ги каже јавно работите што ги прави за другите, а некои од нас тоа го прават на поинаков начин, без јавноста да знае детали.

– Некој не сака да се рекламира со пораките кои ги испраќа за нашите колеги кои се наоѓаат во најкомплицирана ситуација, – изјавил Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни