Надал имаше полесен тренинг со Џумхур, Ѓоковиќ ја мина и втората пречка во Рим

nadal-mafta-rim

Рафаел Надал без никакво проблем и без да се испоти се пласираше во третото коло на Мастерс турнирот во Рим, откако ова попладне едноставно не наиде на никаков отпор од страна на Босанецот Дамир Џумхур кој едноставно покажа дека е недораснат ривал за „кралот на земјата“.

Шпанскиот тенисер на најдобар можен начин се рехабилитираше од поразот кој го претрпе од Доминик Тим минатата недела во Мадрид, препуштајќи му само еден гејм на својот денешен ривал кој изгледаше како да има улога на спаринг партнер на тренерот.

Надал единствениот гејм го загуби при водство од 5:0 во првиот сет, а потоа фуриозно го приведе мечот до својот крај со убедливи 6:1 и 6:0 за точно еден час игра на Форо Италико. Противник на Надал во третото коло ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Шаповалов и Хасе, додека во оваа рунда ќе го гледаме и Новак Ѓоковиќ кој го победи Басилашвили со 6:4 и 6:2.

За Србинот ова е втората победа по онаа во првото коло против Долгополов, а сега за пласман во четвртфиналето ќе се бори со Алберт Рамос.

Facebook Коментари