Поврзете се со нас

АТП

Надал имал голем проблем пред историското финале со Федерер: Ова не сум го кажал никогаш…. (Видео)

Објавено

на

Следниов понеделник ќе се навршат точно 12 години од еден од најголемите тениски меча кои некогаш се одиграни во историјата на „белиот спорт“, финале кое сигурно уште со години ќе се прераскажува од страна на искрените љубители на тенисот.

Во пресметка која траеше пет сета и неколку пати беше прекината поради лошите временски услови, Рафаел Надал успеа да стигне до својата прва титула на Вимблдон, победувајќи го во финалето својот најголем ривал и фантастичен шампион, Рожер Федерер.

По 4 часа и 48 минути активна игра на централниот терен во Ол Ингланд клубот, Рафа со 3:2 во сетови стигна до толку посакуваниот трофеј на Вимблдон, а 12 години подоцна, откри нешто што досега никогаш го немаше кажано за финалето кое според многумина е најдобар меч во историјата на тенисот.

– Не сум го кажал ова никогаш, но финалето во Вимблдон во 2008-ма година морав да го играм со здрвено стапало. Не само тој меч, дури и претходните неколку меча до финалето.

– Не можев да играм без анестезија, не можев да се потпрам на стапалото. Проблем беше што анестезијата траеше одредено време, а прекините кои ги имаше мечот дополнително ги компликуваа работите и морав дополнително да примам инјекции за исчезнување на болката, – открива Рафа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни