Поврзете се со нас

АТП

Надал им се обрати на фановите во Париз по елиминацијата во првото коло: Не знам дали ова е дефинитивно збогум (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Рафаел Надал уште еднаш максимално добро ги контролираше емоциите и без растреперен глас им се обрати на сите присутни на Филип Шатрие, откако ова попладне доживеа елиминација во првата рунда на Ролан Гарос.

Според она што го најавуваше во изминативе два месеци, ова требаше да претставува последен настап за Рафа на неговиот омилен грен слем турнир, но откако прикажа добра игра и задоволи со нивото кое го понуди, Надал сега не може со сигурнот да тврди дека веќе никогаш нема да се врати како играч во Булоњската шума.

Надал денеска беше поразен од Зверев во три сета со резултат 6:3, 7:6 и 6:3, а при обраќањето не ја затвори целосно вратата и остави простор за евентуално враќање во Париз и наредната година.

– Тешко ми е да зборувам во овој момент, не знам дали ова беше мој последен меч тука, но ако е така, ми беше задоволство што добив толку многу поддршка на овој терен. Честитки за Саша кој одигра неверојатен меч и кој ја освои титулата во Рим. Ти посакувам се најдобро на овој турнир, знам дека беше многу тешко за тебе кога се повреди тука пред две години, – изјави Надал, алудирајќи на нивното полуфинале по кое Саша поради повреда го напушти теренот во инвалидска количка.

– Јас минав две тешки години исполнети со повреди. Моето ниво уште не е на највисоко ниво, а во овој момент, тешко ми е да мислам на иднината. Можеби веќе нема да се вратам на овој турнир, но не сум стопроценти сигурен. Моето тело се чувствува многу подобро од пред два месеци. Можеби за два месеци ќе кажам „доволно е“, но во овој момент не се чувствувам така. Се надевам дека ќе се вратам на овој терен за Олимписките игри и дека ќе добијат иста поддршка, – додаде Рафа.

– Сакам да се заблагодарам на сите кои го организираат турнирот, на моето семејство, на пријателите… Никогаш не замислува дека ќе освојат толку многу работи тука. Неверојатно се чувствувам кога играм тука и ви благодарам за се. Не знам дали ова е дефинитивно збогум, но ви благодарам за се, – заврши Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни