Поврзете се со нас

АТП

Надал го среди и Попирин на патот до четвртфиналето во Мадрид

Објавено

на

Рафаел Надал го победи Алексеј Попирин со 2:0 во сетови и веќе обезбеди пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид.

Надал беше голем фаворит против младиот Австралиец и не дозволи непријатно изненадување пред домашната публика, иако Попирин добро го започна мечот.

Првиот гејм го доби убедливо, во вториот му создаде проблеми на Надал, но веќе во третиот дозволи Шпанецот да направи брејк, по кој следуваше уште еден. Попирин успеа да врати еден брејк, но Надал го затвори првиот сет со 6:3.

Во вториот сет Надал направи само еден брејк и тоа во вториот гејм, што повторно беше доволно за 6:3 и победа за фаворитот.

Шпанскиот тенисер во следната рунда ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Зверев и Еванс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни