Надал го реши Цонга и се израмни со легендарниот Борг на Вимблдон (Видео)

rafa

Шпанскиот ас, Рафаел Надал му одржа вистинска лекција на Жо-Вилфред Цонга и обезбеди пласман во осмианфиналето на Вимблдон.

Бикот од Мајорка ја одигра својата најдобра партија на овогодинешното издание на турнирот во Лондон и со 6:2, 6:3, 6:2 дојде до следната фаза во која ќе игра со подобриот од битката меѓу Соуза и Еванс. Надал до триумфот над Цонга дојде за помалку од два часа игра, триумф со кој се израмни со легендарниот Бјорн Борг.

Имене сега Рафа има идентичен број на победи во поединечна конкуренција на Вимблдон како и Борг или тоа е вкупно 51. Пласман денеска во осминафиналето досега обезбедија Нишикори, Сандрген и Квери.

Facebook Коментари