Поврзете се со нас

АТП

Надал го продолжува победничкиот од, прво изненадување во Мелбурн

Објавено

на

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал е првиот четвртфиналист на тенискиот турнир Австралија Опен откако без поголеми проблеми со 3:0 по сетови го совлада Адријан Манарино.

Надал немаше никакви проблеми против Манарино кој се држеше само во првиот сет кој Шпанецот го доби во тај брејк, 7:6.

Останатите два сета Надал ги заврши експресно, па и двата ги доби со по 6:2 и заслужено се пласираше во четвртфиналето на турнирот кој се игра во Мелбурн.

Во четвртфиналниот натпревар веќе ќе следи нешто потешка задача затоа што Надал ќе се соочи со Денис Шаповалов.

Канадскиот тенисер го изненади третиот носител на турнирот, Александар Зверев кого го победи со убедливи 3:0 по сетови (6:3, 7:6, 6:3).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни