Надал го преживеа налетот на Фоњини и со пресврт обезбеди полуфинале во Рим

nadal-zemja

Фабио Фоњини го стави Рафаел Надал на навистина сериозен тест на денешниот меч кој го одиграа во Рим, но откако шпанскиот тенисер успеа да го преживее налетот на разиграниот домаќин, го пронајде правилниот ритам и со пресврт се пласираше во полуфиналето во Рим.

Италијанскиот тенисер имаше фантастичен кам-бек во првиот сет и од негатива од 4:1 нареди пет гејма во низа за импресивни 6:4 и водство од 1:0 во сетови, но сето ова како да го разбуди „ѕверот“ во Надал кој во продолжение заигра на највисоко ниво со кое едноставно го „сомле“ противникот. Шпанецот му препушти само три гејма на доамшниот тенисер во наредните два сета, па така со 6:1 и 6:2 го комплетираше пресвртот и стана прв полуфиналист на Мастерсот во Рим каде ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Нишикор и Ѓоковиќ.

Facebook Коментари