Надал го „преживеа“ маратонот со Дел Потро и си закажа мега пресметка со Ѓоковиќ

nadal-slavi-wimbldon

Рафаел Надал е последниот полуфиналист на Вимблдон, откако во исклучително интересен и воздбудлив меч кој траеше речиси пет часа успеа да го скрши отпорот на извонредниот Хуан Мартин Дел Потро.

Надал и Дел Потро им понудија тениски класик на големите љубители на белиот спорт во Ол Ингланд клубот, па во меч кој изобилуваше со безброј винери и многу пресврти, на крајот повеќе нерви и сила имаше светскиот рекет број еден. Неколку часа претходно, Рожер Федерер испадна во жестоката битка во петтиот сет со Андерсон, но такво сценарио не дозволи Надал кој направи брејк на стартот на петтиот одлучувачки сет, а потоа спаси и неколку брејк топки пред да слави со 6:4 за победа од 3:2 по сетови.

Инаку, Надал имаше водство од 1:0 во сетови и во тајбрејкот на вториот сет пропушти три врзани сет топки, а откако истиот му припадна на Дел Потро, мечот се сврте во полза на Аргентинецот. Популарниот Делпо го доби третиот сет со 6:4, но Надал со иста мера ги доби четвртиот и петиот и по еден феноменален маратон си обезбеди пласман во полуфиналето, рунда во која ќе игра со Новак Ѓоковиќ.

Во другото полуфинале, силите ќе ги одмерат најголемото изненадување Андерсон и Џон Иснер кој вечерва славеше над Раониќ со 3:1.

 

Facebook Коментари