Надал го потврди настапот на завршниот турнир во Лондон (ФОТО)

nadal

Првиот светски рекет, Рафаел Надал кој поради повреда предвреме во заврши Мастерсот во Париз ќе биде во комбинација за завршниот АТП турнир во Лондон.

Шпанскиот ас денеска се огласи на социјалните мрежи и откри дека имал преглед во Мајорка и ситуацијата со повредата е таква да верува дека ќе биде спремен за предвиците на големиот настан во англиската престолнина.

-Здраво на сите. Вчера имав резонанца во Мајорка и покрај тоа што постои одреден степен на истегнат мускул во абдоменот, ќе патувам во Лондон. Во четврток и петок ќе почнам да работам на сервисот. Идејата е да играм на АТП турнирот во Лондон. Фала ви на сите за поддршката, -напиша Рафа на Твитер.

Facebook Коментари