Поврзете се со нас

АТП

Надал го откажа настапот на турнирот во Ротердам

Објавено

на

blank

Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал нема да настапи на АТП турнирот во Ротердам кој е на програмата наредната седмица.

Надал има проблеми со грбот, повреда која го пропушти АТП Купот, повреда која го мачеше и на Австралија Опен каде стигна до четвртфиналето во кое беше поразен од Стефанос Циципас.

-Кога се вратив во Шпанија, го посетив мојот лекар и заедно со мојот тим ме советуваа да не играм наредната недела. Со нетрпение чекав да се вратам во Ротердам и Холандија, бидејќи веќе некое време немав играно. Ми се поклопуваше идеално во мојот календар. Се надевам ќе се вратам и играм таму наскоро. Се најдобро за турнирот, секогаш настан од врвна класа, -истакна Рафа преку социјалните мрежи.

Ова значи дека во Ротердам прв носител ќе биде Русинот, Данил Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни