Надал го одигра најдобриот меч во Мелбурн и закажа осминафинале со „големиот пријател“

rafa

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал го мина и третиот тест на на Австралија Опен во името на неговиот сонародник Пабло Карењо Буста.

Првиот светски рекет го одигра својот најдобар меч во Мелбурн и со 3-0 (6-1 6-2 6-4) во сетови обезбеди пласман во осминафиналето во Мелбурн.

-Ова беше мојот најдобар меч на турнирот. Кога условите се потопли, топката отскокнува повисоко и лета низ воздухот. Тоа и помага на мојата игра. Јас добро се снаоѓав со моите сервиси и почнав да погодувам некои форхенди на линијата. Тоа е клучно за мене, -истакна Надал кој имаше 42 винери и само 7 неизнудени грешки.

Следен негов ривал е Ник Кирјос кој по една драма, исцрпувачка битка беше подобар од Карен Хачанов со 3-2 во сетови.

Надал и Кирјос се играчи кои не се баш во добри односи, па затоа се очекува тој меч да биде супер интересен како за самите актери на теренот така и за гледачите.

Facebook Коментари