Поврзете се со нас

АТП

Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…

Објавено

на

Foto:instagram.com/toninadal_oficial

Полуфиналето меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас е најава за голем спектакл на Ролан Гарос, а во пресрет на ова тениско дерби, свој коментар и очекувања споделил Тони Надал.

Чичкото и поранешен тренер на Рафаел Надал е голем познавач на играта, па смета дека неговиот сонародник е во подобра форма, но против себе ќе има тенисер кој никогаш не може да се отпише.

– Алкарас има голема самодоверба и се наоѓа во одлична форма. Ме потсетува на супериорноста на Рожер Федерер во периодот од 2003 до 2004 година, тогаш моравме да чекаме нова генерација за некој да може да му парира. Мислам дека нешто слично ќе се случува и со Карлос.

– Ѓоковиќ од друга страна е нешто подалеку од својата најдобра верзија, но не смее да се заборави дека тој е историски шампион кој ќе се бори до крај, неговата борбеност му овозможува да се адаптира на секоја ситуација.

– Никој не смее да го отпише Новак, – вели Надал во пресрет на денешното полуфинале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни