Поврзете се со нас

АТП

Надал го доби спектакуларното финале: Спаси меч топка против Циципас и стигна до 12. титула во Барселона

Објавено

на

Рафаел Надал ја освои својата 12-та титула на теренот кој го носи неговото име, откако ова попладне во спектакуларното финале на турнирот во Барселона, успеа да го надигра фантастичниот и разигран Грк, Стефанос Циципас.

Гркот пристигна во Барселона со освоена титула на Мастерсот во Монте Карло и демонстрираше дека тоа не беше случајно, а денеска дефинитивно ќе има за што да жали, бидејќи во одлучувачкиот трети сет беше првиот тенисер кој стигна до меч топка.

Претходно, во вториот сет, Циципас покажа и импресивен карактер и борбен дух спасувајќи две меч топки на свој сервис, по што славеше во тајбрејкот во кој победи со 8:6.

Надал го заокружи првиот сет во своја корист со 6:4 откако направи пресврт, но фасцинантната игра во двата сета по кој беше 1:1, беше најава за она што следеше во третиот сет.

Двајцата тенисери сервираа одлично во овој дел од играта и немаше ниту една брејк топка во првите девет гејма, а потоа Циципас стигна до брејк топка, која воедно беше и меч топка. Рафа доби еден долг поен и успеа да спречи пораз, а потоа го доби гејмот и во наредниот зададе конечен удар. Направи брејк, а потоа на свој сервис го завери мечот во своја корист со 7:5 по нешто повеќе од 3 и пол часа игра на теренот во Барселона.

За Надал ова беше дванаесетта титула на турнирот во Каталонија, додека на оној во Белград, Беретини исто така во еден возбудлив меч го победи Карацев со 2:1 (6:1,3:6,7:6).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни