Поврзете се со нас

АТП

Надал: Ѓоковиќ не е апсолутен фаворит за пехарот во Мелбурн

Објавено

на

Првиот месец од новата година секогаш ни носи тениски спектакл и тоа Австралија каде стандардно се игра првиот календарски грен слем.

Оваа година за разлика од претходната како учесник ќе го имаме и Новак Ѓоковиќ кој доминара на турнирот, има девет пехари, но тие резултати според Рафаел Надал не се доволни за да на српскиот ас му се даде статус на апсолутен фаворит.

-Јасно е дека некој кој девет пати славел во Мелбурн е во најтесниот круг на претенденти за титулата. Сепак, не би рекол дека Ѓоковиќ е јасен фаворит. Има многу тенисери кои можат да одат до самиот крај,-вели Рафа кој има високи амбиции во 2023 година.

-Моите цели се секогаш највисоки. Сакам да бидам конкурентен на секој турнир на кој се појавувам. Да речеше некој пред неколку години дека уште ќе играм на 36 години, немаше да верувам. Сепак, и покрај повредите, се уште сум тука, подготвен за највисоки дострели, -порача Шпанецот.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни