Надал, Ѓоковиќ и Федерер го дознаа патот до финалето на Австралија Опен

novak

Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер дефинитивно се најголеми фаворити за освојување на првиот грен слем во оваа календарска година Австралија Опен.

Тие веќе ги дознаа можните противници, односно каков ќе биде нивниот пат на турнирот во Мелбурн, па така Надал на почетокот ќе тргне против Уго Делиен од Боливија, Ноле пак има незгоден ривал во германскиот рекет Јан-Ленард Штруф, додека Федерер ќе отвори против Американецот, Стив Џонсон.

Ако се мине како што треба, нема поголеми изненадувања, тогаш во четвртфиналето би можеле да гледаме битки на Надал со Тим, Медведев со Зверев, Федерер против Беретини и Ѓоковиќ против Циципас.

Тоа е што е јасно дека не можеме да гледаме финале Новак-Рожер со оглед на тоа што се истиот дел на ждребот и тие можат да се сретнат само во полуфиналето на турнирот.

Facebook Коментари