Поврзете се со нас

АТП

Надал: Ѓоковиќ е во право, ситуацијата е многу чудна!

Објавено

на

blank

Пред нас е „Ролан Гарос“, настан кој ќе ги заокружи големите турнири, грен-слемовите за оваа календарска година.

На хартија прв фаворит е Рафаел Надал кој воедно ќе ја брани титулата во Париз, меѓутоа оваа година ситуацијата, условите се поинакви, па пред неколку денови Новак Ѓоковиќ порача дека Шпанецот ќе нема многу предност, односно ќе може многу полесно сега да се добие крлаот на земјената подлога.

Ѓоковиќ: На Надал не му одговараат новите услови во Париз

Со ова се согласи самиот Надал кој смета дека условите во Франција сега се екстремни, ама без разлика на се има намера да се бори до самиот крај.

-Новак е во право, не сум непобедлив на земја, тој веќе ме совлада неколку пати. Ова се најтешките услови досега за мене на Ролан Гарос. Ситуацијата е многу чудна, условите се многу тешки, времето е студено и ќе биде исклучително тешко за секого. Искрено, турнирот ќе се игра во екстремни услови. Сепак, тука сум да се борам за највисок пласман, ќе бидам конкурентен од првиот ден и ќе видиме што можам да направам, -истакна Надал и додаде:

-Моето здравје е добро. Не се грижам премногу за тоа ниту гледам наназад на она што се случи на претходните турнири. Среќен сум што сум тука и што можам да играм без разлика каква е ситуацијата. Тажен сум за сè, јас и ти седиме овде, сами. Ќе биде малку потешко, но тоа не ме спречува да дадам се од себе на теренот, -заклучи Рафа.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни