АТП
Надал ги демантираше информациите од Монте Карло: За жал, тоа не е вистина

Рафаел Надал се повреди на Австралија Опен и од тој момент нема одиграно ниту еден официјален меч, а последните проценки велеа дека тој ќе се врати на терените за турнирите на земјена подлога.
Мастерсот во Монте Карло избрза со информацијата дека Шпанецот ќе се врати во кнежевството и ќе го има својот прв турнир по Мелбурн во месец април, но Надал сега го демантираше ова во интервјуто за „Марка“ и нагласи дека во ниту еден момент не споделил таква информација.
– Не знам од каде е таа информација дека сум се пријавил за Мастерсот во Монте Карло. Ако беше вистина, ќе го потврдев тоа, но за жал не е така.
– Во моментов одам по предвидениот пат за рехабилитација и вистината е дека не знам кога ќе играм. Во фаза сум на интензивна работа и ако знаев кога ќе се вратам, самиот ќе го кажев тоа.
– Не можам да потврдам дека ќе играм во Монте Карло, работите се развиваат од ден во ден. Претпочитам да кажам работи кога се стопроцентно сигурни, а тоа сега не е така, – изјави Надал.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 20 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 12 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)