Надал и Федерер фуриозно ги преслушаа Фоњини и Долгополов

nadal-pozdravuva

Рафаел Надал и Рожер Федерер повторно беа вметнати да играат еден по друг во централната програма на Мастерсот во Шангај, а како и вчера, на двајцата најдобрите тенисери во овој момент потребни им беа само по два сета за да се најдат во четвтрфиналето на турнирот.

Надал уште еднаш беше поубедлив и побрз од својот ривал бидејќи денеска едноставно не му даде никаква шанса на Фабио Фоњини, меч кој го реши во своја корист со 6:3 и 6:1 за 64 минути игра. Италијанецот едноставно немаше против одговор за разиграниот Шпанец кој игра во неверојатна форма во последно време, на кого противник во следната рунда ќе му биде Бугаринот Григор Димитров.

Рожер Федерер имаше одредени сомнежи во својата игра во текот на вчерашниот ден кога се соочи со Шварцман, но истите денеска комплетно ги остави зад себе бидејќи беше навистина добар во дуелот со Александр Долгополов. Швајцарецот славеше со 6:4 и 6:2 во меч кој траеше точно еден час и  на тој начин се пласираше во четвртфиналето каде за противник сигурно ќе има Французин, односно подобриот од пресметката меѓу Ришар Гаске и Жил Симон.

 

 

Facebook Коментари