Поврзете се со нас

АТП

Надал: Една нијанса пресуди да го пропуштам Ју-Ес Опен

Објавено

на

Рафаел Надал го откажа учеството на Ју-Ес Опен и на тој начин остана без шанса да ја брани титулата на грен слемот во Њујорк, за кој тој процени дека е преризичен за него и неговото опкружување во овој момент.

Светскиот рекет број два не сакаше да ризикува во голем ек на пандемијата со коронавирусот, особено кога Њујорк е еден од најзагрозените градови во Америка, земја која бележи рекордни бројки на новозаболени од КОВИД 19.

За разлика од Рафа, Новак Ѓоковиќ се уште нема донесено конечна одлука дали ќе настапи на Флешинг Медоус, но очигледно изборот на Ноле нема никакво влијание врз Шпанецот кој очигледно и еден од најзагрижените тенисери за ситуацијата во светот.

– Здравјето е главната нијанса која влијаеше врз мојата одлука. Ми се чини дека ситуацијата со коронавирусот не е потполно под контрола, па јас и мојот тим одлучивме да не учествуваме на Ју-Ес Опен.

– После многу месеци беш натпреварувачки ритам, предложен ни е тежок календар. Преминот од тврда на земјена подлога е практично без никакви припреми е ризичен за оето тело и за мојата иднина како тенисер. Мора да размислувам пошироко. Ситуацијата е лоша во Америка. Чувствувам дека немам сила да одам во Њујорк и да се борам, – појасни Надал.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни