Поврзете се со нас

АТП

Надал е голем шампион, но уште поголем човек: Сакам да ме паметите како….. (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/DavisCup

Рафаел Надал стави крај на својата незаборавна 20-годишна тениска кариера како професионалец, откако доцна синоќа беше приморан да гледа како неговите сонародници беа поразени од холандската двојка во четвртфиналето на Дејвис Купот.

Весли Колхоф и Ботик Ван де Зандсхулп ги разочараа сите шпански навивачи и со победата во клучниот меч донесоа пласман за Холандија во полуфиналето, што автоматски значеше дека вчерашниот беше последен ден за Надал како професионален тенисер.

„Кралот на земјата“ одлучи дека е време да ги спакува работите и да се одјави во својата родна земја на завршниот Дејвис Куп турнир, па иако тоа го направи во сценарио кое никој не го посакуваше, Рафа уште еднаш се покажа како најскромен шампион во историјата на тенисот.

Организаторот на настанот во Малага креираше незаборавно испраќање за Надал и Рафа доби можност да се обрати пред сите присутни, при што не изостанаа и солзите од 22-кратниот грен слем шампион.

– Реалноста е дека никој никогаш не сака да дојде овој момент, јас не се изморив од играње тенис, едноставно телото не можеше повеќе да издржи. Мора да го прифатам тоа, но си одам како привилегирана личност. Направив моето хоби да стане професија и тоа траеше подолго од што мислевме. Сакам да се заблагодарам на сите, на вас фановите, на семејството, на мојот тим, сите бевте незаборавен дел од моето патување. Ова беа незаборавни 20 години, вие ме носевте во тешките моменти, а бевте тука за мене и во добрите и во лошите моменти. Ја почувствував љубовта од цела Шпанија, но и од цел свет. Честитки до Холандија за пласманот во полуфиналето, за нас Шпанците не испадна онака како што замислувавме……

– Дадов се што имав и благодарен сум за можноста да се простам дома, тука во Малага. Голем број незаборавни моменти од кариерата ги доживеав во Дејвис Купот, бев привилегиран да играм тука. Јас завршувам како професионален тенисер, но личноста продолжува да живее и ќе бидам блиску до спортот, – изјави емотивниот Надал, кој потоа беше запрашан како сака да биде запаметен од тениските фанови.

– Титулите, бројките се тука, луѓето го знаат тоа, но јас сакам да ме паметат како добар човек, како дете кое дојде од мал град во Мајорка и кое имаше среќа неговиот вујко да биде тренер. Имав и одлично семејство кое ме поддржуваше во секое време. Сакам да ме паметат како дете кое си ги следеше соништата, кое работеше максимално за да дојдам до ова денеска. Среќен сум што животот ми даде можност да доживеам незаборавни работи. Благодарение на тенисот постигнав многу повеќе од што можев да замислам. Сакам да бидам запаметен како добра личност и како дете кое си ги следеше соништата и кое оствари повеќе од што сонуваше, – изјави Надал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни