Поврзете се со нас

АТП

Надал доживеа непријатно „дежа ви“ по поразот од Циципас, но овојпат го напушти пресот (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал имаше исцрпувачки меч против Стефанос Циципас кој траеше нешто повеќе од четири часа, па откако само вторпат во кариерата испушти предност од 2:0 во сетови на еден грен-слем турнирите, стана евидентно дека светскиот рекет број два сепак не беше доволно подготвен на физички план за голем турнир како овој во Мелбурн.

Шпанецот потклекна во првиот сериозен физички испит откако имаше лоши подготовки поради повредата на грбот, а токму во моментите кога доби прашање за неговата физичка состојба, се случи една урнебесна сцена, која неверојатно ги потсети фанови на ситуацијата од 2011-та година.

Рафа доби грч за време на пресот и овојпат одлучи да ја напушти прес-салата пред да се врати пред микрофоните, сето тоа со јасна цел да избегне идентична слика како онаа пред 10 години кога поради грчевите заврши под масата на пресот.

– Пред да излезам, ме прашувавте каква е мојата физичка состојба, очигледно дека не бев доволно подготвен за ваков турнир, очигледно е дека нешто ми недостасуваше Ова беше само грч, но решив да напуштам после она што се случи во Њујорк и да ги избегнам сите тие „мемиња“ со кои ми се фаќаше сеир.

– Ме болеше доста многу, но мислам дека спречив да станам хит на интернет, – додаде Рафа кој откако ги доби првите два сета со 6:3 и 6:2, ги загуби наредните три и Циципас се пласираше во полуфиналето.

Еве како изгледаше незаборавната сцена на Надал од Ју-Ес Опен во 2011-та година по победата над Давид Налбандијан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни