Поврзете се со нас

АТП

Надал донесе тешка одлука: Шпанецот нема да ја брани титулата на Ју-Ес Опен! (Фото)

Објавено

на

blank

Рафаел Надал беше голем скептик за одигрување на Ју-Ес Опен, а бидејќи засега подготовките за турнирот не се прекинати и покрај огромниот раст на бројките со новозаразени од коронавирусот, актуелниот светски рекет број два одлучи да донесе самостојана одлука која секако е непосакувана за фановите, но исклучително оправдана етички гледано.

Шпанскиот тенисер донесе конечна одлука да не настапи на претстојното издание на грен слем турнирот во Њујорк, што во превод значи дека ова е второ големо откажување, бидејќи поради повреда нема да го гледаме и Рожер Федерер.

Од големата тројка, во листата на пријавени стои само името на Новак Ѓоковиќ, па по се изгледа, Србинот ќе атакува на нова титула доколку турнирот на крајот се одигра.

– После многу размислување, одлучив да не играм на годинешниот Ју-Ес Опен. Ситуацијата е многу комплицирана на светско ниво, КОВИД – 19 случаите се зголемуваат, изгледа дека немаме контрола врз сето ова.

– Сета моја почит кон УСТА, Ју-Ес Опен организаторите и на АТП за тоа што се обидуваат да стават се во ред.

– Ова е одлука која никогаш не сакав да ја донесам, но го следев моето срце овојпат и извесно време не сакам да патувам, – гласи објавата на Надал кој со ова стави до знаење дека нема да ја брани титулата која ја освои минатата година.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни