Надал донесе одлука за азиската турнеја по проблемите со коленото

nadal-povreda-us

Рафаел Надал на непосакуван начин го заврши својот настап на грен слем турнирот во Њујорк, откако мораше да го предаде својот полуфинален дуел со Хуан Мартин Дел Потро поради силни болки во десното колено.

Шпанскиот тенисер беше крајно разочаран по споменатиот меч бидејќи повторно се соочи со својот најголем проблем во кариерата, а сега поради истиот одлучи да ја прескокне и цела тениска турнеја која следи во Азија.

Поради болките во проблематичното колено, Надал одлучи да направи пауза во наредниот период, поради што ќе ги прескокне турнирите во Пекинг и оној во Шангај кој е од Мастерс серијата 1000.

– Овој понеделник бев во Барселона и со докторите го прегледавме моето колено. Болките во коленото не се ништо ново и нема ништо посериозно. Заедно со лекарскиот тим, одлучивме дека ќе биде најдобро да одморам, порради што ќе ја пропуштам азиската турнеја, – се вели во соопштението на Надал.

Facebook Коментари