Надал доби срамни пораки од свои сонародници, Карлос Сајнц застана во одбрана на Рафа (Фото)

sajnc-nadal

Шпанските медиуми го прогласија Рафаел Надал како херој на денот откако вчера се појави во навистина несекојдневно издание, но додека една дел од луѓето го сфатија неговиот потег како крајно хуман и солидарен, други го наппаднаа и му порачаа дека сето ова е само за добар маркетинг и привлекување внимание.

Светскиот рекет број еден ги понуди просториите на својата Академија на сите загрозени луѓе од незапаметените поплави на Мајорка, но покрај ова, се впушти и во акцијата на чистење на островот и можеше да се забележи како е преплавен во кал од надојдените води.

Во ситуацијата кога шпапнските медиуми го прогласија за национален херој и му се поклонија за начинот на кој му помага на општеството, злите јазици се јавија на Твитер, а на истите не остана рамнодушен шпанскиот Ф1 возач, Карлос Сајнц.

– Поради луѓе како тебе вреди да се избрише Твитер. Има луѓе кои секогаш ја гледаат негативната страна, најлестно е да се критикува на социјалните мрежи. Ниту тенис, ниту фудбал, ниту Формула 1, да живее зависта како национален спорт, – му порача младиот Сајнц на еден човек кој го нападна Надал.

Facebook Коментари