Надал доби специјален подарок од Федерер, истиот ќе заврши во музејот на Шпанецот (Фото)

federer-nadal-pregrnati

Рожер Федерер и Рафаел Надал изминатата недела поставија апсолутен тениски рекорд по посетеност на еден меч, а спектаклот кој го приредија во Кејптаун придонесе да видиме и каков подарок му подготвил Швајцарецот на Шпанецот.

Федерер беше организатор на настанот кој беше наречен „Меч за Африка“ и сите собрани парични средства ќе бидат донирани за загрозените семејства на црниот континент, а сега академијата на Рафаел Надал откри каков подарок добил Шпанецот од својот вечен ривал, кој инаку е и негов пријател.

– Рафа, ти благодарам за твојата неверојатна помош. Секогаш е задоволство. Рожер Федерер, Кејптаун 2020, – гласи пораката која му ја испрати Федерер на Надал на рекетот кој му го подарува, а кој ќе заврши во музејот на Шпанецот во неговата Академија.

Facebook Коментари