Поврзете се со нас

АТП

Надал доби роденденска честитка во необични услови: Овој ден го направивте уште поспецијален (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал секогаш ќе има посебно место во историјата на тенисот и ќе остане запаметен како еден од најдобрите кои некогаш се појавиле во „белиот спорт“, а добра вест за сите тениски фанови е тоа што „бикот од Мајорка“ има уште многу што да понуди на АТП турот.

Надал доста внимателно ја следи цела здравствена и глобална криза која ја предизвика коронавирусот и бара од своите сонароцници задолжително да ги почитуваат сите препораки, но исто така, Рафа е еден од најгласните дека само вакцинирањето ќе биде целосен спас во оваа ситуација.

Сепак, денешниот ден за него треба да носи многу попозитивна енергија и оптимистички мисли кон иднината, бидејќи Рафа денеска полни точно 34 години.

Трети јуни е датумот кој вечно ќе се одбележува во историјата на шпанскиот тенис, а ова попладне самиот ни сподели каков изненадување добил од своите соработници во академијата Рафа Надал.

– Уште еднаш многу ви благодарам. Направивте овој ден да биде уште поспецијален, – гласи пораката пропратена со видео на кое се гледа дека се запазени сите мерки и социјална дистанца поради кризата која многу ја погоди Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни