Надал доби провокативно прашање, па му одржа лекција на новинарот (Видео)

nadal-mafta

Рафаел Надал го преслуша Жоао Соуза со 3:0 во сетови и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, настап со кој само докажа дека игра во врвна форма и покрај тоа што не настапи на ниту еден на турнирите кои служеа како загревање за најпрестижниот тениски грен слем.

Надал во четвртфиналето ќе игра против Сем Квери во обидот да стигне до ново полуфинале, но покрај тоа што го најавуваше овој дуел, мораше да одговори и на едно специфично новинарско прашање кое беше поврзано за теренот на кој тој играше. Рафа играше на централниот терен во исто време додека Барти играше на теренот број еден, а новинарот му постави доста провокативно прашање, алудирајќи дека Барти како светски рекет број еден во женскиот тенис, требала да го има приматот кој тој го добил.

– Ние не можеме да ја предвидиме иднината, – порача Надал, на што новинарот му порача дека Барти е светски рекет број еден.

– Јас сум светски рекет број два и имам 18 грен слем титули, – возврати Надал по што следеше голема смеа во салата.

Facebook Коментари