Надал доби два важни тајбрејка и успешно го положи тешкиот тест со Кирјос

rafa-nik

Второто коло на Вимблдон ни донесе вистински тениски класик меѓу Рафаел Надал и Ник Кирјос, а истиот имаше уште поголемо значење поради тензијата атмосфера меѓу двајцата тенисери во последните неколку месеци.

Рафа и Ник имаа вербална војна по нивниот меч на турнирот во Акапулко, но ако пресметката во Мексико му припадна на помладиот Австралиец, Надал денеска докажа дека е најдобар кога е најпотребно, победувајќи го Кирјос во еден навистина квалитетен меч. Светскиот рекет број два имаше негативен биланс од 5:0 во тајбрејк пресметките со Кирјос, но денеска ги доби двата кога беше најпотребно и на тој начин се пласираше во третата рунда на Вимблдон.

Кирјос ги оправда очекувањата и се покажа како крајно незгоден противник, па по првите два сета резултатот беше 1:1 откако и двајцата добија по еден сет со 6:3. Во третиот сет, Рафа го доби тајбрејкот со 7:5, а повеќе нерви имаше и во 13-та игра на четвртиот сет која ја доби со 7:3, па на тој начин си закажа пресметка со Жо Вилфред Цонга кој исто така ќе биде сериозен испит со оглед на неговата игра на трева.

Facebook Коментари