Надал бил најразочаран од три порази, само по еден плачел во соблекувалната

rafa-topce

Рафаел Надал веќе има 19 грен-слем титули на своето конто, но како и секој спортист, во кариерата доживеа неколку разочарувачки порази.

Неговиот чичко и поранешен тренер, Тони Надал, им открил на медиумите дека Рафа бил најразочаран по три порази во кариерата, а само по еден не можел да ги задржи солзите.

– Единствениот пат кога Рафа плачеше во соблекувалната беше во 2007 година. Тоа беше поразот во финалето на Вимблдон од Рожер Федерер.

– Уште два пораза поднесе тешко, првиот на Аустралија Опен во 2012 година кога загуби од Новак Ѓоковиќ и три години претходно од Робин Содерлинг на Ролан Гарос, – открива Тони Надал.

Facebook Коментари