Поврзете се со нас

АТП

Надал бесен на српската судијка: Со тебе секогаш е исто…. (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал го повреди колкот и не можеше да го даде најдоброто во второто коло на Аустралијан Опен, па така многу рано заврши со обидот да ја одбрани титулата на грен слемот во Мелбурн.

Шпанецот доживеа шокантна елиминација од МекДоналд и мораше да се помири со нов пех кој го остава без шанса да го даде најдоброто, но за време на мечот, имаше недоразбирање и со судијката.

Надал уште во првото коло се жалеше дека пешкирите оваа година се поставени на најдалечниот агол од теренот и така останува се помалку време за да се испочитува правилото од „25 секунди“, а денеска ги загуби нервите со Србинката Маријана Велjовиќ.

Српската судијка го навлече гневот кај Шпанецот кој заостануваше со брејк во првиот сет, па мораше да го слуша нервозното излагање на Рафа.

– Со тебе никогаш немам време за да дојдам до пешкирот. Со тебе како судија, секогаш морам да брзам, иако се треба да биде нормално. Кога и да отидам до пешкирот, ми преостануваат уште пет секунди. Со тебе секогаш е исто. Тебе не ти е гајле, пешкирот е поставен на најдалечното место во аголот. Го знаеш тоа, но не пробуваш да го сфатиш, – порача Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни