Надал со „банана“ магија го збуни легендарниот Хјуит, Ѓоковиќ се фаќаше за глава (Видео)

TENNIS-AUS-TENS

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се само дел од ѕвездите кои се натпреваруваат на егзибицискиот турнир во Мелбурн кој е интересно загревање пред почетокот на Австралија Опен, а по настапот на Србинот кој ја оствари првата победа по тешката повреда на лактот, следеше настапот на светскиот рекет број еден.

Шпанецот за свој противник го имаше поранешениот тенисер и легенда на австралискиот тенис, Хјуит, а очигледно квалитетот на легендарниот Лејтон го натера Надал да даде максимум и да изрежира едно ремек-дело со својот препознатлив „банана“ удар.

Надал од речиси невозможна позиција го збуни Хјуит и го остави без одговор, а на тоа не остана рамнодушен ниту Ноле кој се фати за глава….

Facebook Коментари