АТП
Надал: 2020 година е загубена, повеќе ме загрижува нешто друго
Рафаел Надал е исклучително загрижен за здравствениот и економски потрес кој го направи коронавирусот, но Шпанецот истовремено важи и за најголем песимист кога е во прашање рестартирањето на сезоната во тенисот.
Најдоброто сценарио вели дека сезоната ќе продолжи во месец август, што ќе овозможи да се одиграат турнирите на американската турнеја, но и два грен слем турнири, оној во Њујорк и оној во Париз.
Сепак, сето ова е само замисла при создавање на поволни услови за често патување и безгрижно организирање на турнири, нешто во што не верува светскиот рекет број два кој практично ја оцени оваа сезона за завршена.
– Се надевам дека тенисот ќе се врати пред крајот на годината, но за жал, мислам дека тоа не е возможно. Повеќе ме загрижува нешто друго. Повеќе ме загрижува Австралија Опен во 2021-ва година, отколку крајот на оваа година.
– Мислам дека 2020-та е загубена година. Се надевам дека ќе почнеме да играме наредната година, – изјави Надал за „Ел Паис“.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 24 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 9 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки