Поврзете се со нас

Млади спортисти

Над 70 локални клубови добија опрема преку кампањата на Моцарт – „Нови дресови за нови шампиони“

Објавено

на

Компанија Mozzart ја зајакна својата позиција како регионален помагател на спортот и локалните спортски клубови, откако во рамки на кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ компанијата обезбеди комплетна спортска опрема за повеќе од 70 мали спортски колективи ширум цела Македонија!

Направени се повеќе од 2.000 дресови кои ќе послужат на играчите како домашна и гостинска гарнитура на опрема. Меѓу клубовите има и од сферата на фудбалот, кошарката, ракометот, одбојката. Опфатени се различни категории, од јуниори до сениори, од клубови кои играат рекреативно, до клубови кои се натпреваруваат во некоја професионална лига.

Со оваа акција логото на Mozzart ќе се наде на дресовите на ФК Брегалница Штип, ЖКК Шкупи, ФК Тиквеш Кавадарци, ФК Кадино, КК Куманово, ФК Напредок Крушеани, ФК Тиверија Струмица, ЖКК Струга 2009, ЖОК Љуботен Тетово, ФК Гоце Делчев Скопје, ФК Плачковица Радовиш, ФК Слога Виница, КК Пелистер Битола, ФК Волково Скопје, КК Академија Баскет Скопје, ФК Чешиново Кочани, ЖРК Ѓорче Петров Скопје, ФК Преспа Ресен и многу други.

Од клубовите изразуваат благодарност до компанијата Mozzart за донациите кои пристигаат на нивна адреса. Тие додаваат дека овие дресови многу им значат и им даваат мотив да продолжат да го прават она што го сакаат, како и да целат кон повисоки рангови на натпреварувања.

– Нашата цел е преку оваа кампања да ги поддржиме локалните спортски клубови, а со тоа да придонесеме кон развојот на домашниот спорт. Настојуваме да ги опфатиме сите категории, од најмалите јуниори до искусните сениори, женски и машки клубови од различни спортови меѓу кои фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и др. Продолжуваме и понатаму со оваа кампања која носи надеж помеѓу спортистите и им посакуваме многу нови успеси на патот кон врвот.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни