Над 1 милион луѓе го сакаа за претседател, а во Бугарија го сметаат за политички затвореник и религиозен водач (Фото)

mo-liverpul

Сите оние кои внимателно го пратат спортот, а посебно фудбалот многу добро знаат кој е Мохамед Салах, фараонот од Египет кој сезонава е вистински хит и растура во дресот на премиерлигашот Ливерпул.

Тој беше најзаслужен што неговиот Египет по пауза од скоро 3 децении се пласираше на Светското првенство кое летото се игра во Русија, а на последните избори одржани во неговата земја доби над 1 милион гласови во трката за претседател иако не беше кандидат за таа функција.

Токму ова беше искористено во квизот „Кој сака да биде милионер“ во Бугарија, а публиката која требаше да му биде од помош на кандидатот даде неточни и смешни одговори. На прашањето кој е Салах дури 48 проценти сметаа дека е религиозен водач, 32 проценти дека е политички затвореник, а точно одговорија само 17 проценти.

salah-milioner

Facebook Коментари