Поврзете се со нас

Олимписки игри

Националниот јунак Дончиќ: Ми беше тешко, но секогаш сум тука за Словенија

Објавено

на

Foto:x.com/kzs_si

Лука Дончиќ одигра повеќе од 100 натпревари во последната година и акумулираниот замор направи да игра со повреда во големото НБА финале, кое за жал заврши доста неславно за него.

Далас загуби од Бостон со 4:1 во финалната серија и Дончиќ со горчина го заврши своето прво големо финале во Америка, па иако се предвидуваше дека здравствената состојба ќе го принуди првпат да го прескокне летниот квалификациски турнир за Олимписки игри, Лука уште еднаш потврди дека е голем патриот.

Дончиќ се стави на располагање на репрезентацијата и ќе биде дел од силниот квалификациски турнир кој ќе се игра во Грција, од кој само една селекција ќе обезбеди виза за Париз.

– Секогаш ми е чест да играм за Словенија. Ќе играм се додека можам да го правам тоа. Отсекогаш сум го велел тоа, го велам и сега. Ми беше многу тешко да донесам одлука за настап после долгата сезона, но јас сум тука и чест ми е што ќе ја бранам Словенија.

– Често се сеќавам колку малку ни недостасуваше за медал во Токио, би било голем успех повторно да бидеме дел од Олимписките игри. Патот до Париз нема да биде лесен, не чека Хрватска, потоа и Нов Зеланд, а тука е и Грција која ќе биде бодрена од гласните навивачи, – изјави Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни