Шпанија
Начо и Асенсио го пробија „бункерот“ на Кадиз (Видео)

Карло Анчелоти направи шест измени во стартниот состав и ротираше со оглед на згуснатиот распоред на натпревари, но иако Реал Мадрид долго се мачеше, на крајот успеа да го пробие „бункерот“ на Кадиз.
Гостите од Мадрид доминираа во секој сегмент од фудбалската игра и создадоа безброј шанси пред да постигнат прв гол, а Родриго промаши и празен гол од непосредна близина.
На 18 минути пред крајот, отпорот на домаќините конечно го урна Начо, кој изреагира како извонреден голгетер и од дистанца успеа да го матира голманот на Кадиз за 0:1.
Набрзо по голот на стоперот, се осоколи да шутира и Марко Асенсио, кој со прецизен удар го зголеми водството и практично ја потврди очекуваната победа на Реал Мадрид.
Ова секако беше добра подготовка за реванш мечот кој следи во Лигата на шампионите против Челси, а одлична вест е што одмор добија неколку стартери како Винисиус, Модриќ, Крос и Камавинга.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)