Свет
Начевски „ослободен“ од должностите во ЕХФ поради наводно учество во местење натпревари!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ја информираше јавноста дека Драган Начевски привремено е ослободен од ослободен од обврските од Натпреварувачката комисија поради наводно учество во местење натпревари.
Одлуката е донесена на состанокот на Извршниот комитет на ЕХФ, а истата доаѓа по информациите („доказите“) кои до нив биле доставени од данскиот медиум ТВ2 на 23 мај.
Во тие информации, Македонецот во 2020 година имал состанок со наводен бизнисмен на кој се разговарало за влез на кинески тим во СЕХА-лигата. На состанокот се зборувало и за местење натпревари, состанок на кој Начевски повеќепати одбил да да учествува во такви нелегални активности, ама не се дистанцирал доволно од темата и затоа испраќал погрешни сигнали со оглед на неговата функција.
Според ЕХФ кој го потенцира ТВ2 како извор, поранешен судија преку друго (второ) лице добил барање од Начевски да учествува во местење на натпревар.
Сите овие наводи Драган ги отфрла, но ЕХФ сега се реши да реагира или поточно истрагата е во насока на заштита на фер-плеј политиката во спортот.
Суспензијата на Начевски воедно ќе значи и истрага од австриските власти и самостојниот правен систем на ЕХФ кој треба да ја донесе конечна.
И на почетокот од данската ТВ2 имаше вакви обвинувања и тоа за нашите арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
-
Англијапред 23 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 22 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 11 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 24 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 21 час
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти откако Белингам првпат остана без минутажа на теренот: Џуд ми ја олесни работата
-
Шпанијапред 20 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)