Поврзете се со нас

Светски првенства

Начевски и Николов со нов предизвик на СП

Објавено

на

Светската ракометна федерација (ИХФ) ги делегираше официјалните лица за новите натпревари на мундијалот, а меѓу нив се и нашите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Начевски и Николов во првото коло ја делеа правдата на соочувањето меѓу Германија и Полска, додека пак вечерва (18 часот) ќе го судат мечот Тунис-Алжир.

Се работи за директен дуел, пресметка за пласман во следната фаза со оглед на тоа што претходно двете селекции претрпеа порази од Данска и Италија во групата Б. Славе и Ѓорѓи многу добро знаат како е да се судат вакви битки на две африкански репрезентации, па се очекува уште еднаш да докажат и потврдат зошто се најдобри судии на светот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни