Поврзете се со нас

Свет

Начевски и Николов осомничени за местење на натпревари

Објавено

на

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е меѓу осомничените во истрагата за наводно местење натпревари во периодот од септември 2016 до ноември 2017 година.

Начевски и Николов се во групата на осум судиски двојки кои ја делеле правдата во мечеви кои според „Спортрадар“ се многу сомнителни. Според „ТВ2“ кој го пренесува извештајот на „Спортрадар“ кој бил подготвен во 2018 година, се работи за вкупно 26 натпревари од највисоко ниво, ЛШ, репрезентативни дуели за кои постојат индикации дека се сомнителни резултати.

Кога се во прашање Ѓорѓи и Славе тие ја делеле правдата на два од овие 26 мечеви, за кои „Спортрадар“ се повикува на сомнежи од компании за обложување дека се наместени. За Начевски се изнесуваат и потешки обвинувања дека наводно бил поврзан со криминални организации и лица со историја на местење натпревари.

– Интелигенциските и истражувачки служби детекгирале дека судијата Ѓорѓи Начевски има неклку конекции со групи за организиран криминал, -стои во извештајот.

Македонската арбитри наводно добиле можност да ги коментираат овие наводи за медиумот „ТВ2“, но одбиле да дадат коментар.

Меѓу другите споменати имиња на судии се и оние на Матија Губица и Борис Милошевиќ кои негирале дека се вклучени во било каква мрежа за местење натпревари.

 

ЕДИТ: ЕХФ реагираше со објавување на соопштение дека нема докази за наместени натпревари, кое „Дерби“ го пренесе како посебна вест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни