Македонија
Начевски и Николов ќе судат на ракометното СП во 2025 година
Најдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се избрани во групата судиски тандеми кои ќе ја делат правдата на Светското првенство на почетокот на 2025 година.
ИХФ денеска ги објави судиите кои ќе бидат дел од мундијалот, а планирани се 24 двојки од повеќе континенти и уште 4 резервни судиски тандеми.
За Начевски и Николов ова значи продолжување на трендот да бидат дел од најзначајните ракометни настани, а со својот докажан квалитет сигурно ќе добијат и одговорни задачи за време на мундијалот.
СП ќе се одржи меѓу 14 јануари и 2 февруари, во Хрватска, Данска и Норвешка.
Ова воедно е прв ракометен мундијал кој ќе се одржува во три земји, а ќе се одиграат вкупно 112 натпревари.
-
Англија19 часа
Фудбалер на Јунајтед со нова разочарувачка вест: Боли што мора да го напишам ова…
-
Евролига23 часа
Белград ќе чека нова шанса, Ф4 турнирот во Евролигата првпат ќе биде организиран надвор од Европа
-
Светски првенства22 часа
ФИФА ги одреди шеширите за ждрепката за Светското клупско првенство
-
АТП20 часа
Мајката на Циципас: Ѓоковиќ е Босанец, но избрал да биде Србин
-
Шпанија20 часа
Барселона со „петка“ ја прекина лошата серија, фановите воодушевени од асистенцијата на Јамал (Видео)
-
Германија19 часа
Нојер го доби првиот црвен картон во кариерата на Куп дербито со Баер (Видео)
-
Англија24 часа
Мареска: Челси ќе доминира во Англија наредната деценија
-
Шпанија18 часа
Флик по триумфот на Барселона: Фала богу што дојде декември