Поврзете се со нас

Светски првенства

Начевски и Николов ќе судат меч за медал на СП

Објавено

на

Најдобрите македонски судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе бидат активни на последниот ден на 29. Светско првенство.

Денеска е ден за медали, а светската ракометна федерација им додели значајна задача на нашите Начевски и Николов во Осло.

Славе и Ѓорѓи ќе бидат главни на битката за третото место меѓу Франција и Португалија, битката за пиедесталот и бронзата која е закажана за 15 часот.

Финалето меѓу Данска и Хрватска кое ќе се игра во терминот од 18 часот им е доделно на шпанските арбитри Игнасио Гарсија Серадилја и Андреу Марин Љоренте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни