Поврзете се со нас

Олимписки игри

Начевски и Николов ќе бидат главни на уште едно ракометно дерби

Објавено

на

Македонската судиска комбинација, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја дели правдата на уште еден дерби натпревар на Олимписките Игри во Токио.

Начевски и Николов досега добија четири задачи во Јапонија, а меѓу нив беа и пресметките меѓу Шпанија – Норвешка и Германија и Франција. Сега предизвикот за Славе и Ѓорѓи е утрешната битка меѓу Норвешка и Франција која започнува во 9:15 часот по македонско време.

Французите досега газат се пред себе и имаат четири од четири, додека пак Норвешка има 50 процентен учинок во групата А, две победи и два порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни